Од утре полицискиот час ќе почнува во 20 часот, угостителските објекти се затвораат, одлучи Владата

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот.
Премиерот Заев и министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопштат деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.
Останува уште вечерва да има полициски час од 22, а од утре порестриктивен.
Угостителските објекти кои имаа дозвола да работат до 21 часот, сега целосно се затвораат и ќе смеат да работат само со достава. Исто така, од утре се затвораат и фитнес клубовите и се забранува одржувањето на конференции и обуки. Обложувалниците пак, се затвораат од 7 април.
