Новости

Македонија

Од 1 мај се укинуваат Ковид ограничувањата за влез во Бугарија

Од 1 мај за влез во Бугарија се укинуваат Ковид ограничувањата за лица кои пристигнуваат од други држави. Тоа го објави министерката за здравство на Бугарија, Асена Шербезова со наредба издадена денеска.

До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено со приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за Ковид-19 за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци.

Евротип
SNBROKER
To Top