Новости

Македонија

Од 104-та седница на Владата: Се зајакнува контролата за користење службени возила

Владата  на денешната 104-та седница донесе Одлука за начинот на користење и одржување на службените возила, како уште една мерка за рационално користење на службените ствари и буџетските средства.

Со оваа одлука која е донесена на предлог на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, се утврдува начинот на користење и одржување на службените возила кои се во сопственост, односно се користат во министерствата и другите органи на државната управа, се утврдуваат корисниците на тие возила и начинот на користење од страна на корисниците носители на јавни функции именувани од Владата, и од страна на останатите вработени во државната управа со овластувања за користење возила за службени потреби.

Со оваа одлука ќе се воспостави унифициран и единствен начин на користење и одржување на службените возила со цел спречување на злоупотреба на ова право од страна на носителите на јавни функции и вработени во државната управа.

Одредени исклучоци од оваа одлука се утврдени во делот на службените возила во сопственост на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

На оваа седница е усвоена и информацијата за потребата од потпишување на Договорот за воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.

Електронскиот систем за поднесување пријави, претставки и предлози ќе овозможи граѓаните и правните лица во секое време да пријават сомнежи за корупција во органи на државната управа, како и да пријават проблеми во постапки за добивање определена услуга.

Системот е предвидено да се имплементира како посебен модул во рамките на Националниот портал за електронски услуги преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да испратат пријава за било која услуга, институција, како најавени корисници, анонимно и со можност за евидентирање на пријавата и преку телефон.

Евротип
SNBROKER
To Top