Новости

Македонија

Олга Лозановска нов член на ИК на ВМРО ДПМНЕ

По вчерашната седница на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата Христијан Мицкоски го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата.

Во новиот состав на ИК на ВМРО ДПМНЕ се потпретседателите на партијата Александар Николоски и Владо Мисајловски, членот Иван Иванов поранешен пратеник од претходниот пратенички состав, како и членовите кои по функција се дел од ИК согласно статутот, претседателот на Унијата на млади сили Сергеј Попов и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

Останатите членови на ИК се:

М-р Гордана Димитриеска-Кочоска, која што беше заменик технички министер во министерството за финансии,

Д-р Рашела Мизрахи-која што извесен период беше технички министер за труд и социјална политика,

М-р Стефан Андоновски- кој што досега беше советник на претседателот на партијата,

М-р Марија Андоновска -која што е докторант на Стоматолошкиот факултет ,

Д-р Олга Лозановска-пратеник во Собранието од Битола,

Д-р Дафина Стојановска-која и досега беше член на ИК на партијата и е пратеник во Собранието,

Во новиот извршен комитет ќе бидат и Проф. Д-р Вело марковски, Проф.Д-р Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Полковник Драган Ковачки, Коце Трајановски, Д-р Кирил Пецаков и Антонио Милошоски.

Поради лични причини како што рече Мицкоски, се повлече досегашниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев.

Вечерва на редовниот состанок членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбиле предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски за свикување на вонреден конгрес на кој тој не би се кандидирал.

GOLD
To Top