Новости

Македонија

Олеснето патувањето од Македонија во Холандија и Шведска, објавени се протоколите

Холандија и Шведска ги олеснија условите за влез на вакцинираните граѓани од Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.

Со последната одлука на Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Македонија.

Повеќе информации за условите за влез во Холандија се објавени на wijsopreis.nl и  reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl.

Во исто време и Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.

Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот Ковид сертификат на ЕУ, што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ.

Од МНР велат дека соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки кои би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.  Покрај проширувањето на употребата на Ковид сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

 

 

Евротип
Евротип
To Top