Новости

Македонија

Организаторите на прослави очекуваат протоколи за работа

Организаторите на прослави се надеваат дека до крајот на месецов ќе олабават рестрикциите и конечно ќе добијат протоколи за работа по кои веќе од следниот месец можат да работат.

„Имаме најава дека до крајот на овој месец ќе има позитивна промена, односно олабавување на протоколите за заштита од ширење на вирусот. За нас е најважно да имаме безбедни услови за работа и самостојно без финансиска поддршка да може да продолжиме понатаму. Се надеваме дека такви услови ќе се создаваат во наредниот период со оглед на тоа дека бројките на новозаболени се намалуваат, а почнува да добива на динамика и процесот на вакцинација, се вели во дописот од ССК.

На состанокот со вицепремиерот Битиќи, вчера тие повторно побарале финансиска помош за месеците во кои се затворени, според нив новит пакет кој го нуди владата не е доволен. Според најавите на Битиќи по 15-ти мај мерките се очекува да се олабавуват мерките со што ќе се отвори можност за организирање и на поголеми прослави по протоколи.

Неделава рестораните и кафе баровите повторно почнаа со работа, по промената на полицискиот час тие сега се отворени до 22.30 часот, додека поради пандемијата со Ковид 19 втора година по ред во земјата не се дозволени организации за свадби.

GOLD
To Top