Новости

Македонија

Османи: Се чека формална одлука на грчката Влада за отворање на границата, во моментов ја нема

Потребна е формална одлука на Владата во Грција, за да се отвори граничниот премин, изјави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

„Ние сме во очекување да се формализира намерата на Грција за отворање на границите и да можат да минуваат граѓаните. Ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните соопштенија“, објасни Османи.

Граничниот премин Евзони  и покрај најавите на грчките власти до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица.

Премиерот Зоран Заев синоќа објави дека денес Грција ќе го отвори граничниот премин Евзони за влез на наши граѓани.

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија што имаат негативен ПЦР-тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела“, напиша Заев на Фејсбук.

Според информации во регионалните медиуми, на границата се пропуштаат само грчки државјани.

GOLD
To Top