Новости

Македонија

Пендаровски: Мерките против Ковид-19 се добри, но делови од општеството потфрлија во нивната примена

На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мслам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири Ковид-19, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека јадрото на мерките против ширењето на вирусот беа изготвени врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

– Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на Владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, истакнува шефот на државата.

Според него, при тоа, не можете да се исклучат од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ, кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките.

Евротип
SNBROKER
To Top