Новости

Македонија

Пендаровски свика вонредна седница на Советот за национална безбедност

Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа – вели претседателот на Македонија Стево Пендаровски во официјално соопштение.

Како НАТО членка, вели шефот на државата, се приклучуваме кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.

Пендаровски во 14 часот свика седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за руската агресија врз Украина.

Евротип
SNBROKER
To Top