Новости

Македонија

Пендаровски утре ќе ги соопшти ставовите за вонредната состојба

Претседателот Стево Пендаровски утре во претпладневни часови ќе има обраќање во кое ќе ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба, свикувањето нова лидерска средба, како и за одржувањето на изборите.
Од Кабинетот на претседателот за МИА посочуваат дека тој во утрешното обраќање ќе одговори на многу прашања кои деновиве се отворија во јавноста, а се однесуваат на состојбата во земјата поврзано со кризата со коронавирусот односно дали ќе има седница на Советот за безбедност и нова вонредата состојба, што исто така се поврзува со одржување на предвремените парламентарни избори.
Претседателот Пендаровски, последната 14-дневна вонредна состојба,ја прогласи на 30 мај, а истекува в сабота на 13 јуни.

Евротип
SNBROKER
To Top