Новости

Македонија

Пиргов: Во автобусот имало канистри со гориво, поминал 350 километри за само 4 часа

Автобусот изгубил контрола откако пукнала предната десна гума, дошло до излевање гориво, и бидејќи функционирало греењето во автобусот, избувнал пожар. 

Пожарот избувнал во предниот дел на автобусот, бидејќи задниот дел од возилото е зачуван, тврди Васко Пиргов, експерт за мотори со внатрешно согорување, кој меѓу првите пристигнал на местото на несреќата во Бугарија, каде што изгоре македонски автобус.

Пиргов вели дека возачот очигледно имал канистри полни со гориво, веројатно дизел, покрај предните седишта, што предизвикало експлозија и автобусот се запалил.

Друг експерт за бугарските медиуми изјави дека возачот поминал 350 километри од турската граница до местото на несреќата за само четири часа, правејќи една пауза во текот на ноќта, што укажува на тоа дека патувал со голема брзина.

Евротип
Евротип
To Top