Новости

Македонија

Познатиот хирург Д-р. Јота е прегазениот во вчерашната несреќа, 16. годишно момче е сторителот

Лицето кое вчера вечерта беше прегазено на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза е познатиот 58. годишен хирург, Д-р. Ѓорѓи Јота, пренесува Слободен печат.

„На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка Тереза“ и улица „Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, посочија од Министерството за внатрешни работи.

GOLD
To Top