Новости

Македонија

Половина милион вакцини „Синовак“ од Кина пристигнуваат денеска

Вкупно 500 илјади вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синовак“ денеска ќе пристигнат во земјава.

Како што информира Министерството за здравство, државната секретарка во Министерството, Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Џанг Ѕуо, утре ќе ја преземат пратката со вакцини од меѓународниот аеродром во Скопје.

Станува збор за вакцини што Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“.

Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе следува масовна вакцинација во сите вакцинални пунктови низ државата и повтори дека имунизацијата штити и од индискиот сој на вирусот.

Во земјава вопетокот попладне пристигнаа уште 100.620 дози вакцини на „Фајзер“, што се набавени преку КОВАКС механизмот, откако пред две недели стигнаа 30.000 дози од кинеската вакцина од „Синовак“.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани, објави министерот Филипче на Фејсбук.

Евротип
Евротип
To Top