Новости

Македонија

Попишани над 300 000 граѓани

Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.
Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице. Само вчера беа попишани 114 308 лица.
Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Евротип
Евротип
To Top