Новости

Македонија

После обилните врнежи снег, утрово сонце и минус 15 степени во Битола

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0 степени.

Во Битола до 7 часот се измерени 32 сантиметри снег според УХМР, а утринава беше измерена температура од минус 15 степени.

Еве како е снежната покривка и температурата во другите градови.

Утрово во 7 часот измерена снежна покривка: 55 Попова Шапка, 40 Маврови Анови, 38 Крушево, 32 Битола, Пожаране, Тополчани, 30 Дебар, 25 Тетово, Претор, 24 Прилеп, 23 Штип, Демир Капија, 22 Берово, Ѓуриште, 18 Охрид, 15 Скопје-Петровец, Крива Паланка, 10 Струмица, 9 Куманово, 8 Виница, 6 Скопје-Зајчев Рид.

Измерена минимална температура утрово во 7 часот: -19 Берово, -15 Битола, Демир Капија, -14 Крива Паланка, Струмица, -13 Штип, Маврово, -12 Kрушево, -11 Скопје-Петровец, Охрид, -10 Претор, -9 Тетово, -8 Прилеп, Куманово, Виница, -7 Дебар, -6 Скопје- Зајчев Рид, Дојран, -5 Гевгелија.

 

Евротип
Евротип
To Top