Новости

Македонија

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77-годишна возраст утрово почина неврохирургот Јовица Угриновски, соопштија од приватната болница „Неуромедика“, каде Угриновски беше основач и претседател на управниот одбор.

Угриновски беше роден на 2 октомври во 1945 година. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година и завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје, Манчестер и Братислава. Докторирал во 1986 година.

Работел како специјализант на Универзитетскиот клинички центар во Скопје од 1970 од 1975 година. Една година во периодот од 1979 до 1980 година работел како специјалист по неврохирургија во општата болница во Дерна, Либија, а од 2010 работеше како неврохирург во клиничката болница „Аџибадем Систина“. Претходно работел и како редовен професор по неврохирургија на Медицинскиот факултет при УКИМ.

Угриновски беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планински спортови на Македонија.

Евротип
SNBROKER
To Top