Новости

Македонија

По 3.000 денари наредните 4 месеци за невработените и социјалците – пензионерите ќе добијат по 1.500 денари

Владата го објави новиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите во вредност од над 350 милиони евра.

Со дел од мерките се опфатени социјално ранливите категории граѓании, невработените, како и пензионерите со ниски примања. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски, околу 42 илјади граѓани во наредните четири месеци ќе добиваат по 3.000 денари државна помош.

Новиот пакет мерки ги опфаќа и пензионерите кои земаат пензии до 14 илјади денари, а за кои се издвојуваат над 12 милиони евра државна помош. Со мерките се опфаќаат и основните и средните училишта, кои како што најави Ковачевски, ќе се приклучат на регулираниот пазар за снабдување со електрична енергија, за што се издвоени еден милион евра.

Во мерките опфатени се и здравствените установи, како и мерните станици за водни пумпти за кои е обезбедена струја. Најавена е и помош за приватниот сектор, со поповолни кредити, субвенционирање на проекти за енергетска ефикасност и забрзан поврат на ДДВ.

Дел од овие мерки ќе стапат на сила со владина одлука, додека другите мерки ќе треба да поминат во Собрание, поради што Ковачевски упати повик до пратениците од сите политички партии што побргу да ги изгасаат предложените антикризни мерки за поддршка на граѓаните и компаниите.

Евротип
SNBROKER
To Top