Новости

Македонија

Првачињата од септември ќе учат по нови програми

По нова наставна програма ќе учат првачињата од 2021/2022 година.

Наставникот ќе треба да користи разни фотографии, предмети, преку покажување, истражување и објаснување на различни поими учениците да го совладаат материјалот.

– На овој начин, учениците полесно ќе ја разбираат и совладуваат наставната материја. Фокусот е ставен на учење со разбирање кое помага во развој на критичкото мислење и креативноста, наместо досегашното фактографско учење и меморирање податоци. За начинот на примена на новите наставни програми за прво одделение ќе се организираат обуки за наставниците, преку три модули во текот на мај, јуни и август, појаснуваат од МОН.

Според програмата со новите наставни програми предност се дава на формативното, наспроти сумативното оценување што подразбира дека постигањата на учениците ќе се следат на дневна основа, наместо само да се организираат тестирања на крајот на одредени периоди – тримесечје или полугодие.

GOLD
To Top