Новости

Македонија

Првачињата ќе се запишуваат и онлајн

Во претстојната учебна година првачињата ќе може да се запишуваат и онлајн, преку националната платформа за електрoнски упис. Оваа платформа е промовирана денеска од страна на Министерството за образование. Со тоа, од мај годинава, кога стартува уписот, родителите не е потребно да доаѓаат во училиштата, туку документите за своите деца можат да ги достават и онлајн.

Платформата е направена во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП).

-Оваа е-услуга го олеснува пристапот на родителите при упис на нивните деца во образованието. Тоа ќе може да го направат дигитално, со прикачување на сите документи што им се потребни, а откако ќе заврши тој административен процес, имаат една посета во училиштето за средба со педагог и проценка, изјави министерката Мила Царовска. 

Евротип
SNBROKER
To Top