Новости

Македонија

Пред една година забележан првиот смртен случај од коронавирус во Македонија

Северна Македонија денеска одбележува една година од првиот смртен случај од коронавирус во државата.

Министерот за здравство Венко ФИлипче на денешен ден пред точно една година посочи дека се работи за 57-годишна жена од Куманово, каде посмртно и бил дијагностициран коронавирусот.

„За жал, го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот кој посмртно во Куманово беше дијагностициран доцна синоќа. Се работи за жена која што имала 57 години. Во однос на приемот и третманот сакам да кажам дека колегите постапиле согласно протоколот за изолација, навремено се земени два теста и двата теста иницијални покажеле негативен резултат. Но, и покрај негативните резултати заради тоа што болеста била типично за коронавирусот таа била третирана во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во Општата болница во Куманово, а брис е повторно земен после констатација на смртта во текот на вчерашниот ден и тој бил позитивен“, рече Венко Филипче.

Денеска после една година, бројката на починати изнесува 3.473.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, додека пак бројот на активни случаи изнесува 15.131.

GOLD
To Top