Новости

Македонија

Пресуда за „Трезор“: 15 години затвор за Грујевски, за Мијалков 8 години

Судот им одреди затворски казни од по пет години на Стајковиќ и на Јакимовски. Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Предметот се однесува на начинот на набавка на британска опрема за следење на комуникациите преку фирма-посредник од Скопје
Сашо Мијалков (ексдиректор на УБК) – 8 години затвор

Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години

Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години

Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години

Од фирмата „Финзи“ се конфискува имотната корист остварена од кривичното дело во висина од 838 106 денари и 145 619 евра од девизна сметка, плус возила…

Ваква пресуда во случајот „Трезор“ денеска изрече судечкиот совет во Основниот кривичен суд – Скопје составен од Џенета Бегтовиќ, како прва и Софче Гаврилова-Ефремова, како втора судијка и тројца судии поротници.

Првите тројца се гонеа за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јакимовски за помагање. На Грујевски, кој избега во Грција, му се судеше во отсуство.

Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Евротип
Евротип
To Top