Новости

Македонија

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.

На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 17 степени.

В вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Евротип
SNBROKER
To Top