Новости

Македонија

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.

Максималната температура ќе се движи од 21 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Утре ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

GOLD
To Top