Новости

Македонија

Претпладне сончево и топло, попладне со услови за дожд, на места и град

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветар, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветар и појава на град.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 13 до 22 степена, а дневните ќе достигнат од 29 до 38 степени.

Во Скопје, слично време со појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветар во попладневните часови. Утринската температура ќе се искачи до 18-от степен, а дневната ќе достигне 34 степени.

Евротип
SNBROKER
To Top