Новости

Македонија

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Дневните температури во Скопје ќе достигнат 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 31, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 34.

Утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.

Евротип
SNBROKER
To Top