Новости

Македонија

Претпладне сончево, попладне нестабилно време

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. УВ=7.

Во Битола со максимална дневна температура од 28 степени.

До недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината.

Евротип
SNBROKER
To Top