Новости

Македонија

Пречек и испраќање на посмртните останки за загинатите во автобуската несреќа

Припадници на Армијата ги пренесуваат ковчезите со посмртните останки на 45-те граѓани кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија од транспортните авиони на бугарската армија до возилата кои ќе ги пренесуваат до нивните почивалишта.

На пренесувањето на телата на жртвите на скопскиот аеродром присутна е висока државна делегација во која е претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, целиот владин кабинет, претставници на ИВЗ и на МПЦ, како и високи делегации од Косово, Албанија и Бугарија.

Наместо првично планираната поворка до и низ Скопје, телата на загинатите веднаш ќе им бидат предадени на семејствата.

На плоштадот  „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите во несреќата.

Извор и Фото: МКД

Евротип
SNBROKER
To Top