Новости

Македонија

Приведени шестмина прилепчани за сторени 87 кривични дела

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А. (33), Ф.Е. (40), Џ.А. (30), Е.Б. (33), Е.А. (26) и Ф.Ќ. (39), сите од Прилеп, поради постоење сомневање за сторени 87 кривични дела „тешка кражба”, „кражба” и „прикривање”.

Пријавените, во периодот од април 2021 до февруари 2022 година, на подрачјето на Битола и селата Путурус, Црнобуки, Вашарејца, Добрушево, Радобор, Трап со употреба на погоден предмет и физичка сила, извршиле тешки кражби, тешки кражби во обид и кражби во куќи, викендици, стопански дворови, цркви, манастири, магацини, базни станици, при што одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 1.524.400 денари, соопшти МВР.

Евротип
SNBROKER
To Top