Новости

Македонија

Пристигна првата пратка вакцини од Србија: Заев и Вучиќ го потврдија доборсоседството

Денеска во земјава пристигна првата пратка вакцини од Република Србија.

Примопредавањето се изврши на граничниот премин Табановце, во присуство на делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев пред присутните рече дека како израз на драгоцен чин на пријателство Србија споделува вакцини 4680 вакцини , како израз на пријателска и соседска подадена рака , додека стигнат вакцините што ние ги нарачавме. Како никогаш досега пандемијата покажа дека сме поврзани со најдобрите вредности. Нашата денешна средба е резултат токму на пријателството и резултат на разбирањето во кое се најдовме, првата рака на помош да се подаде кон соседот. Србите во Македонија и Македонците во Србија се алката на поврзување на двете земји.

Вакцините од Србија ќе влезат во Националниот оперативен план , што постојано ќе се ажурира.Утврдени се приоритетните групи ккао и онлајн пријавувањето. На српскиот народ, на претседателот Вучиќ и на премиерката Брнабиќ им се заблагодарувам.

Претседателот Александар Вучиќ рече дека е среќен што можевме ова да го направиме , но имавме проблеми со дозволи за извоз , зашто се строги процедури , но благодарејќи од лушето од Фајзер успеавме да ги поминеме овие неверојатно сложени процедури за да не с есоочиме со санкции. Србија нема други интереси освен да покаже пријателство кон макеоднскиот народ и државата. Ова е најобичен подарок , за кој сме сигурни дека и вие би ни го дале. Вистинскиот пријател е оној , кој ви помага кога ви е тешко. Се надевам дека вакцините ќе им се најдат на докторите од првите редови. До денеска дадовме 846 000 дози на вакцините и луѓето кои учествуваат во вкцинацијата ќе добијат 10.000 динари поддршка. Им благодарам на братксиот македонски народ , рече Вучиќ.

Евротип
SNBROKER
To Top