Новости

Македонија

Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија.

Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје, од каде ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта.

За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени. 

Евротип
SNBROKER
To Top