Новости

Македонија

Продолжуваат блокадите на граничниот премин Евзони

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Повремени врнежи од слаб снег се бележат на планинскиот премин Стража. Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на Попова Шапка и од 50 до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

Поради штрајк на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Според информацијата од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 2 февруари од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон 4х4.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

 

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

GOLD
To Top