Новости

Македонија

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките што го организира СОНК

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките што го организира СОНК.Вчера владата побара предлогот за 10-процентно зголемување на платите СОНК да го прифати.

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките што го организира СОНК, претседателот на СОНК Јаким Неделков утринава за емисијата Здраво Македонијо изјави дека членовите на синдикатот не се согласувале со висината на предлогот на владата за зголемување на платите од 10 проценти.

Рече дека се надева оти до крајот на неделава ќе се изнајде решение за децата да се вратат на училиште. Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика за утрински брифинг вели дека правото за штрајк е регулирано со закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Според законот работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК. Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, вели Тренчевска.

Евротип
SNBROKER
To Top