Новости

Македонија

Променливо облачно време, попладне пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневната температура ќе се движи од 18 до 30 степени.

Евротип
Евротип
To Top