Новости

Македонија

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони

Во Македонија времето претпладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе биде западен и повремено со засилен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје, облачно со сончеви периоди.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

 

 

 

 

Евротип
Евротип
To Top