Новости

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 12 до 21 степени.

Потоа се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

GOLD
To Top