Новости

Македонија

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи, локално невреме со појава на град

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се задржи нешто пониска, особено во северните делови. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно време.

Евротип
Евротип
To Top