Новости

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 28 Целзиусови степени: Скопје 25, Маврово 16, Охрид 21, Битола и Крива Паланка 23, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен североисточен ветер, а дневните температури ќе се движат од 19 до 28 степени.

Евротип
Евротип
To Top