Новости

Македонија

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

И во сабота ќе дува засилен северен ветер и ќе има повремени локални врнежи од снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво, од понеделник со подолги сончеви периоди и со пониски утрински и дневни температури.   

Евротип
SNBROKER
To Top