Новости

Македонија

Путин наредил делумна мобилизација, ќе мобилизирал резервисти со искуство

Откако руската војска претрпува значителни загуби во Украина и Украинците постепено си ги враќаат окупираните територии од руските агресори, Путин денеска објавил делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во војната во Украина.

Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, како што пренесува МИА, Путин изјавил дека делумната мобилизација се однесува на резервисти со искуство кои, како што најави, ќе поминат претходна воена обука.

Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска.

Институтот за проучување на војната тврди дека рускиот претседател Владимир Путин се повеќе се потпира на „нередовните доброволни и помошни сили, наместо на конвенционалните единици“ на фронтот. Во најновиот извештај за руската инвазија се наведува дека „лошиот однос на Путин со воената команда и руското Министерство за одбрана може делумно да се објасни со зголемениот фокус на Кремљ на регрутирање на лошо подготвени доброволци во ад хок нередовни единици“.

Па зошто Путин не нареди целосна мобилизација и на тој начин да ги надополни руските трупи во Украина? „Затоа што во тој случај тоа би предизвикало бунт во Русија и тешко дека би ја подобрило ситуацијата на бојното поле со испраќање неискусни млади луѓе кои навистина не се убиваат во друга земја“, е длабинска анализа на независниот руски портал Медуза.

Евротип
SNBROKER
To Top