Новости

Македонија

Рано утринава почувствуван земјотрес во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 125 km југозападно од Скопје и припаѓа на Охридското епицентралното подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и Струга со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Евротип
Евротип
To Top