Новости

Македонија

Расте бројот на активни случаи, ревакцинирани 772.424 граѓани, 20.119 примиле трета доза вакцина

Бројот на активни ковид случаи во земјава се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, активни се 6395 случаи од кои најголем број се во Скопје 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес 328, во Прилеп има 257, во Битола 216, во Кавадарци 211, во Штип 207, во Охрид 192…

Од направени 3210 тестирања, како што покажуваат податоците од ИЈЗ за изминатите 24 часа, регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.

Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 6089 дози вакцини, од кои 709 како прва доза, 1148 се ревакцинирани, а 4232 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802 705 граѓани, ревакцинирани 772 424, а трета доза примиле 20 119 граѓани.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираа од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1 372 834 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200 856, бројот на оздравени пациенти е 187 374, а на починати е 7087.

Евротип
Евротип
To Top