Новости

Македонија

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски и Арбер Адеми

„СДСМ не носи мерки кои се во согласнност со потребите на младите и граѓаните. СДСМ континуирано носи задоцнети мерки и мерки кои се недоволни и ненавремени.

Кадарот на СДСМ единствено покажа неспособност во делот на кризен менаџмент и компетенции во борба со корона пандемијата.

Македонија со катастрофалните мерки е пред економски колапс додека младите се оставени на цедило.

СДСМ во изминативе три години не направи ништо за младите во оваа земја и не исполни ништо од ветеното . Невработеноста на младите во земјава е највисока во регионот додека со корона кризата се очекува вртоглаво да расте. Во некои делови од државата долгорочната младинска невработеност достигнува и до неверојатни 80 % .

Младите се соочени со бесперспективност сите овие три години со ниту еден сериозен проект или помош за зголемување на вработеноста и нудење на решенија за проблемите на младите луѓе од страна на СДСМ.

СДСМ ветуваше и дека ќе ги донесе технолошките гиганти и Facebook и Google но ништо од ова не исполни.

Неспособноста на СДСМ да се справи со корона кризата дополнително ќе создаде економски последици по целокупното стопанство и зголемувањето и на онака огромната младинска невработеноста .

СДСМ не успеа да донесе структурни и суштински решенија и мерки за помош на младите луѓе.

ВМРО ДПМНЕ ќе го порази вториот вирус со име Зоран Заев и СДСМ. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ . Или обнова или измами. Македонија не заборава и Македонија ќе победи.“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

GOLD
To Top