Новости

Македонија

Рекорден број на заразени – се наоѓаме во пикот од корона пандемијата

Црн рекорд во земјавата сподед бројот на новозаразени од корона вирус.Влошена е епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции, алармираат надлежните. 

Вчера  од вкупно направени 7.038 тестови, регистрирани се 2.269 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 1.169, по што следат Битола – 183 и Прилеп – 165. 

Активни случаи има 17 218 и од нив 9167 се во главниот град. Четирицифрен број активни има Битола (1516), речиси илјада (960) се во Прилеп, а над триста имаат Куманово (662), Охрид (548), Кавадарци (426),Струмица (345) и Велес (327). 

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените (50,6 проценти т.е. 5630) се од Скопје. Најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години

Епидемиолошките информации укажуваат дека земјата се наоѓа во пик на заразата и затоа, по препорака на Главниот координативен кризен штаб, Владата донесе одлука второто полугодие за околу 255 илјади ученици наместо утре да почне на 1 февруари.

Евротип
SNBROKER
To Top