Новости

Македонија

Рестораните за свадби ќе добијат грантови до 10 илјади евра, игротеките до 5 илјади

Рестораните кои се регистрирaни за организирање свадбени свечености ќе добијат грантови од 3.000 до 10.000 евра, а игротеките за деца од 1.000 до 5.000 евра, како дел од пакетот мерки за поддршка на стопанството и граѓаните погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19.

„Поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за организирање сведби во вкупна вредност од милион евра. Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година“, рече на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека е отворена опцијата за регистрација на таквата дејност заради тоа што еден дел се регистрирани за одржување вакви свечености, односно ресторани за свадби, а еден дел се за достава на храна.

Грантови се предвидени и за игротеките за деца.

„За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година. Целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра“, рече Заев.

GOLD
To Top