Новости

Македонија

Речиси 700 илјади граѓани се целосно имунизирани против ковид-19

Од почетокот на процесот на имунизација во земјава, со две дози се вакцинирани 697.847 граѓани, а со една 776.660 граѓани, односно аплицирани се  1.474.507 дози вакцини. Вчера прва доза вакцина примиле 2.969 граѓани, а вкупно со прва или втора доза се вакцинирале 12.099 граѓани.

Министерството за здравство информира дека  55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението на возраст од 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, а само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и од смртен исход, потсетува Министерството.

Евротип
Евротип
To Top