Новости

Македонија

Родено бебе позитивно на ковид-19

Регистрирано е новороденче позитивно на Ковид-19 на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Ниту новороденчето, ниту мајката немале симптоми.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја потврди информацијата, но посочи дека ќе биде направен уште еден тест за да се потврдат сомнежите.

Истакна дека доколку и тој биде позитивен, ова би било прв случај на вертикална трансмисија на вирусот од мајка, што досега не беше докажано дека постои.

„Да видиме денеска каков ќе биде резултатот и на мајката и на бебето, па да дадеме коментар. Само да стигне контролниот брис, за да знаеме каков бил начинот на трансмисија. Досега нема објавен случај за таква вертикална трансмисија, можно е преку доењето. Нека стигнат овие контролни тестови, па да видиме за што точно станува збор“, додаде Филипче.

GOLD
To Top