Новости

Македонија

РСБСП: Да се вози внимателно и одговорно за време на празниците

Републичкиот совет за безбеднст на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници, апелира грѓаните да возат внимателно и одговорно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Според РСБСП, искуствата од минатите години покажуваат дека за време на поразници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

-Пред нас се неработни денови, продолжен викенд кој најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. КОВИД-пандемијата, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници. Но, и покрај тоа што голем дел од граѓаните чувствуваат одреден немир и потреба за поголема слобода поради мерките за заштита од корона вирусот, потсетуваме дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин. Апелираме да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, истакнува РСБСП.

Во сообраќајот, додава Заводот, нема мали и големи грешки. Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се ненадоместливи за да може кој било да си дозволи неодговорно учество во сообраќајот.

-Затоа, возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и задолжително ставете појас. Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејства што ги преземаме. Мислете на време за потоа да не се каете за последиците. Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење е основен предуслов за безбедни празнични денови, потенцира РСБСП.

GOLD
To Top