Новости

Македонија

СДСМ ќе објави имиња на нови кандидати за градоначалници

СДСМ се очекува денеска да соопшти дел од своите кандидати за градоначалници, како што соопшти минатата недела премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.

Претходно од партијата рекоа дека етапно ќе ги објавуваат своите кандидати за градоначалници. Досега беа објавени две групи кандидати за градоначалници со по 30 и 5 имиња, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец.

СДСМ досега објави 35 кандидати за градоначалници:

Пред десетина дена од ВМРО-ДПМНЕ објави листа со 26 кандидати за градоначалници, главно во единиците на локалната самоуправа во и околу градот Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ во петокот ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, а најави и соработка на локалните избори со Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во меѓувреме, во подрачните единици и канцеларии на Државната изборна комисија, како и преку апликација на нивната веб страница граѓаните до 9 септември можат да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список и да побараат нивно запишување, бришење или дополнување. Во првите два дена од увидот на 21 и 22 август во подрачните единици и канцеларии на Комисијата увид во Избрачкиот список направиле 821 граѓанин, а од нив само еден поднел барање за запишување во Неготино. Во меѓувреме, излегоа и првите извештаи за неправилности во списокот.

Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври.

Се зголемува и бројот на кандидатите кои собрале потписи за кандидати за градоначалници или носители на листи.

Евротип
Евротип
To Top