Новости

Македонија

Сестрата на Тоше сподели фотографија за неговиот роденден – денеска ќе наполнеше 40 години

Денеска е еден од најтажните денови за фановите на Тоше Проески, но најмногу за неговото семејство.

Неговата сестра, Дора Ристеска, 14 години со ред, на 25 јануари, на денот на раѓањето на Тоше, прави торта во чест на нејзиниот прерано загинат брат. И оваа година Дора уште рано утрово сподели фотографија на нејзиниот Фејсбук профил со тортата на која пишува „Те сакаме сите Тоше“.

Македонската и регионална поп-икона Тоше Проески животот го загуби на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Замина прерано на 26-годишна возраст, на врвот од неговата музичка кариера.

Покрај по ангелсиот глас беше познат и по неговата хуманост и подготвеност да помогне. Неговиот последен концерт и еден во низата хуманитарни концерти го одржа на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје, а беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

„Игри без граници”, беше последниот албум на Тоше, а постхумно на 25 јануари 2009 година, на денот на неговиот роденден официјално излезе и албумот The Hardest Thing.

Издавачката куќа Hit records која за хрватскиот пазар го објави овој албум и уште неколку други албуми на Тоше, соопшти дека „Igra bez granica” во Хрватска достигна платинест тираж, со продадени 50.000 копии.

Во чест на Тоше вчера во Загреб, ден пред неговиот 40-ти роденден, се одржа молитва.

GOLD
To Top