Новости

Македонија

Се очекува прогласување кризна состојба

Полициски час од 17 или од 18 часот, дополнителни ограничувања во движењето и собирањето на граѓаните или во работењето на економските оператори. Вакви мерки треба да се очекуваат во наредните денови, заради подобро справување со здравстената криза. Но, заради подобро функционирање на институциите, како и заради поголема вклученост на армиските потенцијали, веројатно ќе биде прогласена кризна состојба на целата територија. Ова прашање треба да биде отворено на утрешната седница на Советот за безбедност, на која, покрај редовните членови, е поканет и министерот Венко Филипче. Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата и мерките и активностите на надлежните институции.

Од Владата велат дека на вчерашната седница, не е донесен заклучок за кризна состојба. Но, подготвени се за воведување нови мерки до крајот на неделата.

Ова би било прв пат да имаме кризна состојба на целата територија на државата. Адвокатот Глигор Ќатоски, кој направи споредба меѓу кризна и вонредна состојба, вели дека Владата сега нема да има право да носи уредби со законска сила. Голем број надлежности ќе добие Центарот за управување со кризи, во чии капацитети, за жал, многу малку е вложувано изминативе години.

При првиот бран, во услови на распуштено Собрание, претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба. За повторно воведување, неопходни се гласовите на 80 пратеници. Кризната состојба во траење од 30 дена може да ја прогласи Владата, а за подолг период, повторно треба да одлучува Собранието. Земјата има искуство со кризна состојба на одредена територија, како што беше во Дебар при појавата на првите пациенти со ковид или како што е повеќегодишната на јужната граница поради мигрантскиот бран пренесува скопје24.

GOLD
To Top